Ако детето не сака да јаде во градинка не очајувајте

Објавено на: Oct 20, 2016 од Мама Силвана

Дајте му на детето време да се прилагоди на новата средина, мени и амбиент. Ако детето не јаде, стручњаците советуваат да не паничите. Нивниот совет е да бидете трпеливи и да му овозможите на детето пред се да се навикне на новото опкружување, а потоа на оброците кои не се слични на тие од вашата кујна.

Брокула, боранија, грашок и грав не се омилени производи на поголем број од децата, но тоа не значи дека тие потполно ќе ги игнорираат во градинка.

Ако воспитачката се жали дека вашето дете одбива да јаде, немојте веднаш да го критикувате и дa го казните поради тоа.

Со врева не можете ништо да решите како што е контрапродуктивно да ја игнорирате информацијата, или уште полошо да му кажете на детето да не јаде тоа што не сака.

Суштината е на фин начин да му објасните дека секој ден треба да изедете барем малку од ручекот, бидејќи така ќе бидет поздрави, посилни и повеќе ќе го сакаат другарите.

Не е лошо да му кажете дека само разгалените деца не ручаат во градинка, а дека тоа сигурно не е е такво.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…