Ако имате проблем со висок крвен притисок јадете киви

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Ане

Едно средно големо киви тежи околу 70 грама, а може да задоволи 80% од дневните потреби за витамин Ц.

Поради присуството на серотонин во кивито, тоа влијае врз расположението но и врз квалитетот на сонот.

Оваа овошка делува благотворно и врз кожата на лицето, и освен што е вистински рудник на минерали и витамини, богата е и со антиоксиданс лутеин чие благотворно делување врз крвниот притисок било тема на истражување на научниците од Универзитетот во Осло. Калиумот исто така игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок заради што на оние кои имаат проблем со висок крвен притисок им се препорачува да јадат по три киви на ден.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…