Ако сакате да ослабите, тргнете ја храната од видикот

Најновото истражување покажува дека колку храната е подалеку од нас, толку помалку ја посакуваме. За да се потврди ова, научниците спроведоа еден експеримент.

Тие собраа 56 учесници во една просторија и ги поделија во две групи.

На едната група храната и била на дофат на рака, односно едно јаболко било поставено пред нив, а за другата група биле наменети пуканките кои биле одалечени седум метри од учесниците.

Добиениот резултат покажал дека иако пуканките за многумина се повкусни, учесниците ја избрале храната која се наоѓа пред нив, или пак некои од нив останале гладни бидејќи храната која ја посакале била далеку од нив.

Ова истражување воедно покажува дека луѓето генерално се мрзеливи. Сигурно ви се случило да ви се јаде нешто, но да не сакате да станете од удобната фотења. Научниците велат дека токму тоа е трикот кој треба да го искористите во борбата против намалување на килограмите. Околу вас наредете само неколку парчиња овошје, а брзата храна, масната или онаа која е премногу вкусна и калорична одалечете ја од вашата близина.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk