Ако си добар ќе ти го купам тоа што го сакаш- родителска грешка или знак на немоќ

Размазени или несреќни? Какви се децата кои се фрлаат по подот во трговските центри и продавниците презентирајќи ги своите напади на бес, удирајќи со рацете по излозите и сл?

Какви се тинејџерите кои што се обидуваат да ги убедат своите родители во очигледните лаги?

Следува прашањето какви се родителите што тоа го трпат?

Немоќни, родители кои што од своите раце ги испуштиле децата или родители кои се жртви на модерното време и начинот на воспитување што тоа го носи со себе?

Во Англија од неодамна полицијата дала соопштение до родителите во кое се наведува да не ги повикуваат во помош секогаш кога нивните деца ќе ”полудат”

Фаворизирањето на детските права не доведува до поставување на уште едно прашање во каква релација се детските права со правата на родителите и дали родителите имаат воопшто некои права во однос на децата?

Живееме во виртуелен, материјален свет каде системот се повеќе се врти кон материјалните нешта. Многу често можеме да ги слушнеме родителите како велат ”Ќе ти купам нешто само ако бидеш добар ”или пак ”Ако не викаш во продавницата ќе ти купам сладолед”. Дали купувањето на материјалните нешта стана средство за воспоставување на однос помеѓу родителот и детето, односно начин да се држи детето мирно и да биде принудено да се покорува на барањата на родителите?

Многу родители се принудени да работат макотрпно и да чувствуваат грижа на совеста бидејќи не поминуваат доволно време со своите деца. Вината што ја чувствуваат раѓа чувство на немоќ. Детето, од друга страна пак, има основна потреба за нежност и внимание. Кога не е во можност да ја задоволи таа потреба тоа станува агресивно и бара од родителите нешто материјално што ќе го зголеми недоволно исполнетотот чувство на задоволство кај него.

Бидејќи некои родители немаат капацитет јасно да ги дефинираат границите и да кажат не, а пред се водени од грижата на совеста што ја чувствуаат поради недоволно поминатото време со своето дете, детето ја надминува границата на понизност кон родителскиот авторитет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk