Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга го очекуваат своето прво дете

Објавено на: Jan 04, 2017 од Мама Весна

Омилената холивудската двојка Џорџ и Амал Клуни со радосна вест ја започнуваат оваа 2017-та година.

Имено, тие очекуваат близнаци оваа година, тврди либанското издание на весникот „Дејли стар“. Семејството уште не ја потврдило информацијата, но според извор на весникот, бебињата треба да се родат во месец март. Либанскиот весник се повикува на извор близок до семејството на Амал Аламудин во Бејрут.

Џорџ и Амал се венчаа во септември 2014 година на раскошна церемонија во Венеција. Една година подоцна, во 2015, Џорџ изјави дека децата не се на неговата листа на приоритети, но подоцна додаде дека „тој и Амал сакаат да имаат деца, но дека пред да се одлучат на тој чекор уживаат во моментите посветени еден на друг“.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…