Алкохолот во бременоста може да му наштети на видот на детето

 

Кај децата чии што мајки во текот на бременоста редовно конзумирале алкохол, веќе од шест месечна возраст, можат да се воочат проблеми со видот- докажува истражувањето спроведено од страна на научниците во детската болница во Бостон.
Многу истражувања досега утврдиле дека пренаталната изложеност на алкохол може да доведе до потешкотии во физичкиот и менталниот развој на детето. Поради тоа што со точна сигурност не е утврдено која количина на алкохол може да го зголеми ризикот од појава на овие потешкотии во фетусниот развој, трудниците во секој случај треба во целост да го избегнуваат конзумирањето алкохол.

Според американското истражување, кај 131 дете кое било анализирано во текот на истражувањето се покажало присуство на потешкотии со видот, а при тоа дури 70% од мајките признале дека конзумирале алкохол во текот на бременоста.

Истражувачите велат дека оштетувањата всушност се нанесуваат на мрежницата на окото односно на деловите на мозокот поврзани со пренесување на информации добиени преку ова сетило.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk