Амниотомијата го забрзува породувањето

Инструменталното механичко прскање на водењакот односно амниотомијата, особено кај прворотките, го скратува времето на породување дури за 10 до 20%.

Иако самата постапка кај жените влева страв и загриженост сепак тоа е многу едноставна процедура.

Кон неа се пристапува кога во текот на природното породување, односно на почетокот на породувањето, кога најчесто контракциите постојат но плодовата вода сеуште не е истечена.

Самиот чин се изведува кај жените кога грлото на матката е отворено помалку од три, односно четири сантиметри од страна на стручно медицинско лице.

Во просек, породувањето кај повеќето жени се скратува за два часа, односно ниту еден процес на породување не трае повеќе од 12 часа од почетокот на процедурата.

По пукањето на водењакот и истекувањето на плодовата вода временскиот интервал помеѓу контракциите побрзо се намалува и тие за многу пократко време стануваат се поинтензивни. При тоа самиот чин воопшто не е штетен по здравјето ниту за мајката ниту за бебето

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk