Анисот ги смирува мачнините

Постојат неколку корисни препораки како да го намалите континуираното чувство на мачнина и нагон за повраќање.

Па така, кога ве измачуваат мачнини и повраќање општата препорака е да не се престојува во простории каде што нема постојана циркулација на свеж воздух, да не се пие одеднаш поголема количина на течност ( без разлика колку е лековита ) и да не се внесува голема количина храна во текот на еден оброк.

Чајот од анис кој го поттикнува варењето на храната е одличен начин за превентивно делување против мачнините и повраќањето. Тој го неутрализира зголеменото лачење на желудочна киселина, па затоа е добро да се испие веднаш по оброкот.

Чајот од анис се препорачува за сите личности кои имаат проблем со варењето на храната и на сите оние кои имаат мачнини.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk