Бабите и дедовците ги воспитуваат внуците

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Силвана

Децата кои, покрај учителите ги чуваат и воспитуваат бабите и дедовците, растат во љубезни и попаметни тинејџери и луѓе. Ова се податоците од истражувањето кое е направено на универзитетот Брингам Јанг во САД.

Научниците го следеле емоционалниот развој на учениците и разговарале со 400 деца на возраст помеѓу 10 и 14 години. Темата била нивниот однос си бабите и дедовците.

Една година подоцна повторно ги испитувале истите ученици, но со проширен список на прашања. Врз основа на одговорите кои ги добиле заклучиле дека блискиот однос со нив има позитивно влијание врз внуците, бидјеќи биле погрижливи и внимателни кон останатите.

Децата во чие што воспитување не учествувале бабите и дедовците биле многу помалку љубезни и обзирни.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…