Бадемите се најдобар избор од групата на јаткасти плодови за детската исхрана

Крцкави и вкусни, бадемите како јаткасти плодови се одличен извор на важни нутритивни елементи потребни за правилен раст и развој на детскиот организам.

Бадемите во исхраната на децата можат да се воведат во мала количина и секако мелени ( никако цели ) уште откако бебето ќе наполни една година.

Нивниот состав изобилува со протеини и растителни влакна, витамин Е и калциум.

Алергијата на бадеми кај децата е многу поретка за разлика од алергиските реакции на другите јаткасти плодови. Секако, при воведувањето на бадеми во детската исхрана, родителите треба да бидат внимателни, особено доколку во семејството постои некој кај кој веќе се јавила алергиска реакција на овој плод.

Оброците збогатени со бадеми можете да ги засладите со малку мед како најубава и најздрава комбинација, но секако откако детето ќе го прослави својот прв роденден.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk