Бебешкиот мозок станува поактивен кога го слуша мајчиниот глас

Според најновите истражувања спроведени во рамките на Универзитетот во Лондон, бебињата имаат способност да ја препознаат среќата или тагата во гласовите на луѓето околу нив.
Со скенирање на мозокот на бебињата, научниците дошле до заклучок дека бебињата веќе од три месечна возраст можат да го разликуваат говорот од другите звуци во околината. Исто така, тие додаваат дека се забележани различни мозочни бранови кога бебето слуша тажен, весел или неутрален тоналитет во говорот.

Таа способност за разликување на говорот од останатите звуци во околината постои поради фактот што оние делови од мозокот на бебињата одговорни за разбирање на говорот се развиваат порано отколку што досега се мислело. Истражувањата утврдиле дека бебешкиот мозок станува поактивен кога слуша мајчин глас со неутрален тоналитет.

Сепак, најлогично, истите истражувања докажале дека бебињата, без разлика на емоциите во гласовите што ги слушаат од околината најмногу реагираат на гласот на мајката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk