Бебињата ги памтат мелодиите што ги слушнале пред да се родат

Според една нова студија, бебињата се сеќаваат на мелодиите кои ги чуле пред да се родат.

Научниците им пуштале музика на мајките три недели пред породувањето и ги тестирале бебињата еден месе по раѓањето.

Пулсот на бебињата забавувал кога им пуштале молдија која ја чуле пред раѓањето. Откритието додава нови информации за разбирање на тоа какви звуци се слушаат во матката и како бебињата учат да разбираат говор. Психобиологот Каролин Грание-Дефер, од Универзитетот Парис Декарт, побарала од 50 здрави бремени жени да слушаат опаѓачка мелодија од пијано двапати дневно. Кога педесетте бебиња биле стари еден месец им биле пуштени и опаѓачката и повишувачка мелодија додека спиеле.

Во просек пулсот кај бебињата забавувал за 12 удари во минута со познатата мелодија, споредено со пед до шест удари со непознатата. Резултатите навестуваат дека „новороденчињата обрнуваат повеќе внимание на мелодиските звуци на мајката отколку на оние од други жени“ изјавила госпоѓа Грание-Дефер. Човечкиот слух се развива во последните три месеци од бременоста. Пет недели пред породувањето полжавот – спиралниот дел од внатрешното уво одговорен за слух – најчесто е веќе оформен.

Овие откритија додаваат нови докази според кои преднаталниот слух им помага на бебињата да ги разберат звуците на говор. Госпоѓа Грание-Дефер додала дека откритието не значи дека бремените жени треба да им пуштаат музика на бебињата пред породувањето. Таа изјавила: „Кога фетусите се доволно стари за да можат да слушаат, околу четири до пет недели пред породувањето, тие ќе бидат изложени на сите звуци од животната средина на мајката. Нема биолошка потреба за дополнителна аудио стимулација – повеќе не е секогаш подобро, особено при развојот. Ако мајките сакаат да поттикнат љубов кон музика кај децата, можат да почнат по породувањето, кога можат да видат и да дознаат што сакаат бебињата а што не, нешто што е невозможно само по однесувањето на фетусот.“

Дополнително, направите кои некои мајки ги ставаат директно на сопствената кожа за да пуштаат музика можат да бидат штетни. Таа додала: Овој тип на стимулација може да биде штетен за ушите на фетусот ако е премногу гласна или биде оставена вклучена премногу долго или ако биде применета премногу рано во развојот. Ако мајката сака да му пее на сопственото бебе, зошто да не? Пеењето на мајката е прекрасен дел од звукот на природната средина.“

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk