Бебињата кои што спијат на грб и со цуцла во устата се соочуваат со помал ризик од синдром на ненадејна смрт

Синдормот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) или смрт во колевка е главната причина за смртност кај бебињата на возраст од 1 месец до 1 година. Најчесто, SIDS се појавува во периодот помеѓу вториот и петтиот месец од животот на бебињата.
Фактот кој предизвикува најголем страв е тоа што не се знае точната причина зошто доаѓа до смртен исход кај бебињата кои умираат во сон без да манифестираат никакви симптоми

Според тврдењата на американските педијатри токму цуцлите лажливки можат да ја намалат опасноста од синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата.

Иако причинителите на овој синдром остануваат непознати сепак медицината како услов за неговото појавување ја наведуваат неправилната поставеност на телото на бебето за време на спиењето при тоа алудирајќи најмногу на спиењето на стомак, пушењето на родителите во истата соба каде што спие бебето и старите душеци кои би можеле да бидат полни со токсични материи.

Спиењето на грб драстично може да го намали ризикот од СИДС, велат лекарите, (синдромот на ненадејна смрт се намалува за 50-70%), а кон тоа може да допринесе и спиењето со цуцла лажливка, која според истражувањата го намалува ризикот за неверојатни 90%.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk