Бебињата треба да спијат во иста соба со родителите

Најголема среќа е кога наутро ќе се разбудите да го погледнете вашето бебе како спокојно спие близу до вас.
Иако посебната соба за бебето нуди комфор и комодитет, спиењето на новороденчето во посебна просторија одвоено од родителите веднаш по доаѓањето во домот се почесто не се препорачува од педијатрите.
Според нив, најдобрата опција е бебето да спие во истата соба со родителите но во посебно креветче, што е од особенза важност за развивање на чувството на сигурност и блискост.
Од безбедносни причини препорачливо е во креветчето на бебето да не се ставаат играчки, перничиња и сето она што може да го загрози неговото здравје.
Секако треба да се обрне дополнително внимание на положбата за спиење во која што ќе го поставите бебето.

Многу истажувања докажале дека неправилната положба која што бебето ја завзема во креветчето може да предизвика гушење и во најлош случај да резултира со синдром на ненадејна смрт на новороденчето.

Поради тие причини, најиделна положба за спиење е таа при која бебето лежи на грб на цврста подлога. Секако дозволени се и други положби. Преку ден можете да го свртите на страна или на стомаче а при тоа бебето да биде под постојан надзор.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk