Бебињата умеат да ја разликуваат имитацијата од вистинскиот говор

Научниците од Универзитетот во Њујорк спровеле истражување за тоа дали бебињата можат да направат разлика помеѓу човечкиот говор и останатите звуци на тој начин што во период една недела им пуштале звуци од човечки говор и звуци што ги произведува папагал.
Откриено е дека бебињата, кои биле на возраст од девет месеци, поинтензивно реагираат на човечкиот говор и се обидуваат со поглед да го воочат изворот на гласот.

Раководителот на истражувањето доктор Атена Воуломанос објаснува дека децата имаат флексибилна перцепција и подобро можат да ги разликуваат имитациите од вистинскиот човечки говор веќе на возраст од пет месеци.

Токму затоа, од важно значење е на децата да им се зборува со правилно изговорени зборови уште од најраната возраст, односно да не се модифицираат зборовите за да звучат слатко како детски говор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk