Безнадежноста го разболува срцето

Според истражувањата спроведени во рамките на универзитетот во Минисота, жените кои поголемиот ден од денот се чувствуваат безнадежно имаат поголем ризик да доживеат срцев удар. Постојаната безнадежност кај здравите жени ја зголемува шансата да настане згрутчување во вратната артерија.

Како што хроничната депресија штети на срцевиот мускул така се смета дека оптимизмот е лек и пред се превенција од срцеви заболувања.

Во истражувањето за целна група се земени жените кои страдаат од депресија во подолг временски период пропратена со проблеми со спиењето, апетитот и општото расположение. Вкупно учествувале 559 жени со просечна старост од 50 години и кај кои не е забележана претходна дијагноза на срцеви заболувања.

Безнадежното и депресивно расположение е утврдено со пополнување на анкетни листови а контролата на здравствената состојба е постигната со помош на ултразвучен преглед на дебелината на вратните артерии.Утврдено е дека артериите на депресивно расположените жени се за 0,02 мм подебели од жените со оптимистички погледи на животот.

Кон ова истражување се надоврзува и истражувањето за влијанието на стресот кај депресивните жени, кој исто така доведува до заклучок дека оптимизмот и доброто расположение се одлични одржувачи на здравиот организам.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk