Благ колач од палента

Несекојдневен, вкусен и здрав десерт кој е готов за десетина минути.

Потребни состојки:
1 чаша млеко
половина чаша маслиново масло
1 јајце
150 грама брашно
100 грама палента
2 лажички прашок за печиво
80 грама шеќер
изрендана кора од еден лимон
30 грама мак

Начин на подготовка:
Сите состојки ги мешаме во подлабок сад не користејќи миксер. Кога состојките добро ќе се изедначат, смесата ја претураме во претходно намрсен калап за векни ( ролат ). Печеме во рерна околу половина час на температура од 200 степени. Овој колач се сече на кришки додека е сеуште топол и веднаш се послужува.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk