Болести кои ги наследуваме од родителите

Генетиката е „обвинета“ за настанувањето на многу здравствени проблеми, а поточно е дека се наследува склоноста кон некои болести.

Ако вашите родители или баба и дедо имале алергија, астма, или преосетливост на некоја поединечна храна или лекови, можно е и вие да имате такви проблеми.
АЛЕРГИЈА

Алергиите представуваат променлива, преосетлива реакција на имунолошкиот систем на организмот, на некои надворешни материи или опкружувања, кои се нарекуваат алергени. Склоноста за настанувања на алергија е наследна.

За да ги намалите компликациите, најефективна е раната превенција. Мајката додека го дои бебето не треба да намирници кои можат да предизвикаат алергија.

По раѓањето, претерување со чистотата нема ефект, и пожелно е да набавите домашно милениче.

АСТМА

Астмата е хронична опструктивна воспална болест на дишните патишта која предизвикува проблеми во дишењето. Болеста кај осетливите особи се манифестира со отежнато дишење, кашлица, поврзани со опструкција на дишните патишта.
KРАТКОВИДОСТ

И оваа болест се надледува. Истото важи и кога некој во фамилијата е далековид или има астигматизам или далтонизам (неспособност да препознае боја – сите или неколку), и ова воглавно се пренесува од мајката на машките деца.

КАРИЕС И БОЛЕСТИ НА ЗАБИТЕ

Кариес е болест  предизвикана од бактериите, но некој деца се подложни на ова повеќе од нормално затоа што и нивните родители страдаат од истите болести на забите. Другиот проблем е лош загриз или пореметување во џвакањето предизвикано од наследна деформација на вилицата.

ДЕПРЕСИЈА

Во случај каде што некој во фамилијата пати од депресија, ризикот се зголемува за 40 до 50 %, затоа што душевната болест е наследна.

Секако, станува збор за клинички докажана депресија, а не за промена на расположение или за периоди на нервоза поради замор и се осеќате како да не можете повеќе.

ЕКЦЕМ И ПСОРИЈАЗА

Доколку во фамилијата има заболени од алергии, голема е веројатноста за наследност на атопијскиот екцем. По генетски пат се пренесува и псоријаза, но може да се појави и по силна бактериска инфекција (запаление на крајниците или фаринксот) или кај адолесценти по психофизички стресови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk