„Борка“: Битката со ракот на дојка може да се победи

Познати уметници, жени кои што ја пребродиле битката со ракот и нивни блиски денеска чекореа под мотото „ Напред розово“ за поддршка на жените болни од рак на дојка. Македонија е на трето место по смртност од сите малигни заболувања во Европа, само лани се откриени 1.200 нови случаи на заболени од рак на дојка, или просечно четири жени дневно кои заболуваат велат од здружението „Борка“ кое го организираше симболичниот марш.

„Треба да сме сите заедно, да им помогнеме на сите во тешките моменти. „Борка“ се залага за ссоодветен третман, со цел да се спаси животот. Нашиот апел е дека ние не смееме да сме сами. Ги повикуваме и сите институции кои се директно засегнати да се вклучат, зошто само така ќе можеме да направени промени во општетството и здравствениот систем“ – вели Биба Додева – „ Борка“.

Денеска за борба против ракот маршираше и американскиот амбасадот во Македонија Џез Бејли заедно со својата сопруга.

„Лани се дијагностицирани 1,7 милиони мажи и жени во светот. Сите се наши пријатели, колеги, роднини и секој има своја лична приказна. Годинава розовата прошетка е посебна, Биба ја загуби мајка си, која беше инспирација за движењето. Со Кејпи сум тука не затоа што сме спонзори туки и наши членови на семејството се погодени од оваа болест“ – рече Бејли.

Минатата година се дијагностицирани 1,7 милиони луѓе. Сите тие се наши пријатели, колеги, роднини и секој има своја лична приказна., тука сме како тим да им помогнеме во нивната борба. – рече Бејли.

Една од жените која што се избори со ова тешка болест е и познатата пејачка Виолета Томовска. Таа отворено зборува за долгата борба која ја водела со канцерот. Вели дека животот е убав само доколку човек е здрав.

„Помладите пациентки имаат шанса со реконструкцијата на дојка, а јас пред 34 години ги немаше тие можности. Нема доволно лекарства, се бориме со хемотерапиите. Сакаме да имаме современи лекови, а најважна е свеста кај жената.“ – вели Виолета Томовска – естраден уметник.

Здружението за борба против ракот „ Борка “ бара на сите, без разлика дали се мажи или жени, да им се овозможи соодветен и навремен третман во лекувањето на ракот. Здружението добило и позитивен одговор од Владата на барањето за имплементацијата на Националната стратегија за контрола на ракот која ќе почне да се спроведува од 2018 година.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk