Босилекот ги лекува разранетите брадавици кај доилките

Листовите на босилекот имаат неверојатни лековити својства кои помагаат во лекувањето на многу кожни заболувања, но исто така тие помагаат за побрзо зараснување на раните.

Многу доилки ширум светот кои што имаат проблем со распукани и болни брадавици за време на доењето го користат ова растение како природен лек. Оваа билка има моќ да го ублажи сушењето, пукањето и крварењето на брадавиците.

Секако за се па и за овој третман е потребна упорност.

Една полна рака листови од босилек смелете ги во блендер, додајте една кафена лажица маслиново масло и нанесете ги на болните брадавици. Оставете ја смесата да отстои околу половина час, а потоа темелно измијте ги брадавиците со млака вода.

Постапката повторувајте ја барем три пати во текот на денот.

Веднаш ќе почувствувате олеснување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk