Бојата на менструалната крв открива многу за вашето здравје

Менструалниот циклус се одвива секој месец во период од 6-7 дена. Во текот на овие денови жената може да има абдоминални грчеви, заедно со некои други помали проблеми како што се главоболка и болки во стомакот.

Кога менструалната крв тече од телото брзо, бојата на менструалната крв ќе биде црвена или розевкаста. Понекогаш повеќето жени можат да забележат црна или кафена крв во текот на циклусот и тогаш главно се загрижуваат. Според зборовите на стручњаците, темната менструална крв укажува дека крвта тече побавно од телото.

Кафеава боја: Темнокафеавата боја на крвта означува стара крв која подолго време била во матката. Овој тип на крв обично се гледа рано наутро.

Црвена боја: Ова е свежа крв која е веднаш исфрлена од телото. Овој вид на проток на крв е многу лесен и често се појавува после напорен ден кога крвта брзо се ослободува од телото, и нема време да потемни.

Средно црвена или боја на брусница: Ова е здрава боја за менструланиот период. Оваа боја обично се гледа на вториот ден од циклусот.

Боја на вишна или црна: Оваа боја е алармантна и ако сте ја виделе во текот на циклусот не треба да ја занемарите. Црната крв се појавува поради инфекции во матката. Меѓутоа, доколку во текот на циклусот, обично 4 ден забележите црни грутчиња, не постои причина з агрижа, затоа што е тоа згрутчена крв.

Портокалова боја: Оваа боја се гледа кога лрвта ќе се помеша со течности од цервиксот. Меѓутоа, светло портокаловата боја на крвта може да укажува на евентуална инфекција. Значи, ако сте забележале друга боја малку поинаква од црвена во текот на својот менструален циклус, најдобро е да не игнорирате и да се консултирате со лекар.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk