Бракот и секојдневните обврски не треба да ги уништат романтиката и заведувањето

Кога сте во брак, дневните рутини понекогаш можат да бидат најголемата опасност за односот помеѓу вас и вашиот партнер.

Секојдневието трасирано по веќе позната рута (станување, деца на училиште/градина, одење на работа, доаѓање, средување на домот итн. ) со текот на времето носи извесна доза на монотонија во вашите животи. Заведувањето се чини како да ја изгубило својата смисла-но во никој случај не треба да биде така. Секојдневните мали, симпатични постапки на заведување можат да ви помогнат повторно да ја разгорете таа малата искричка во односите со вашиот партнер и да го направите секојдневието поинтересно.

Без разлика дали тоа ќе биде некоја интересна смс порака додека вашиот сопруг е на работа, некое несекојдневно изненадување, романтична вечера, страствен бакнеж и сл. никогаш не заборавајте дека бракот не е убиец на романтиката и заведувањето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk