Бремените и изнемоштените да не одат на работа поради загадениот воздух, инспекторите казниле четири компании во последниот месец

Град Скопје повторно ги активираше мерките за ублажување на аерозагадувањето. Препорачуваат Бемените жени, лицата постари од 60 години, болните од астма и изнемоштените да не одат на работа. Освен тоа, градскиот превоз на ЈСП е бесплатен. Мерките ќе траат се додека мерните станици покажуваат загаденост на воздухот повисока од нормалната. 

Додека се анализира кој го загадува Скопје, единствено во оваа ситуација може да помогне ветерот. Синоптичарите со лоши вести-маглата и сувото време ќе се задржат и утре. Дожд и снег најавуваат од четврток.

Инспекторите на терен во последниот месец констатирале поголемо загадување кај четири компании кај кои биле изречени казни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk