Бременоста има многу посебни моменти вредни за уживање

Бремени сте или сте биле бремени… Без разлика колку бремености сте износиле секоја бременост е единствена, уникатна, волшебна.

Секоја бременост има многу посебни моменти кои започнуваат со зборовите “за прв пат”

Потсетете се колку посебно и магично беше чувството кога:

За прв пат ги видовте двете цртички на тестот за бременост
За прв пат си рековте самите на себе – Ќе бидам мајка!
За прв пат го слушнавте срцето на вашето бебе во стомакот
За прв пат го откривте полот на бебето
За прв пат го видовте вашето бебенце на малиот екран додека траеше ултразвучниот преглед
За прв пат купивте нешто за бебето
За прв пат го почувствувавте движењето на бебето во стомакот
За прв пат ги почувствувавте контракциите
За прв пат сфативте дека сте во породилната сала и дека мигови ве делат од првата прегратка со вашето бебенце
За прв пат на градите го имавте вашето чедо

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk