Бременост после царски рез

Објавено на: Sep 06, 2016 од Мама Кате
trudnica-sa-pojasom-1-700x352

Светската здравствена организација последните години препорачува втората бременост дури две години после првата, без разлика на тоа дали првото дете е родено со царски рез или по природен пат, што значи дека периодот помеѓу двете породувања би требало да биде две години и девет месеци. Од друга страна, Американското Министерство за здравство препорачува да се причека три години.
Меѓутоа, бројни медицински истражувања покажале дека е важно да се причекаат 18 месеци по раѓањето на детето со царски рез.

“Општо правило е дека треба да се причека помеѓу 18 и 23 месеци, а истиот тој период се препорачува како посакуван и за жените кои првото дете го родиле по природен пат”, објаснил гинекологот Брус Флам.

Иако тоа делува како предолг период, изненадувачки, што повеќе време е потребно за раната да заздраве – толку подобро, сметаат специјалистите. Посебно ако второто породување е по природен пат, специјалистите потсетуваат дека телото на мајката минало ни снажна траума – најпрво минало низ бременост, а потоа и низ пораѓај, и тоа со операција. Поради тоа, неопходно е жената да се опорави на вистински начин и да ги надокнади хранливите материи кои нејзиното тело ги губи давајќи ги на бебето.

“На пример, може да бидете анемични бидејќи цело ваше железо го добива бебето и постелката за време на бременоста”, напоменува др. Флам.

Многу мајки се грижат дека нивната рана од царскиот рез може повторно да се отвори за време на природното породување. Опасноста од тоа е сепак многу мала, но постои ако периодот помеѓу двете породувања е краток. Исто така, бременоста која следи набрзо по породувањето со царски рез го зголемува ризикот од проблеми со постелката.

Како што странските гинеколози напоменуваат, родителите кои своето дете го донеле на свет со царски рез и планираат повторно да се остварат во улогата на мајка, мораат да ги земат овие податоци во предвид кога ја планираат следната бременост, бидејќи овие познавања ги намалуваат изгледите на компликации понатаму.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…