Брза диета за елиминирање на масните наслаги од бутовите

Повеќето жени имаат проблем со масни наслаги во овој регион од телото, но експертите развија посебен вид исхрана и диети кои се посебно наменети за елиминација на вишокот килограми на посакуваните делови од телото!

Голем број жени имаат масни наслаги на бутовите, главно поради лоша генетска предиспозиција и дополнителни фактори како што се недостаток на физичка активност, лоша исхрана, работа која бара повеќечасовно седење, дехидратација на организмот и задржување на вишокот вода кои само дополнително го отежнуваат губењето на килограмите.

Мени за првите три седмици

Пред појадокот: чаша топла вода со лимонов сок

Појадок: омлет од 3 јајца со зеленчук и чаша природен сок од рибизла

Ужина 1: половина цитрон и чаша природен сок од рибизла

Ручек: 170g лосос, обарен аспарагус, салата од свеж зеленчук: рукола, домати и пиперки.

Ужина 2: една рака јаткасти плодови

Мини ужина: 1 јаболко половина час пред вечерата и чаша сок од рибизла

Вечера: чорба од блитва, 150gr. немасно црвено месо

По 3 седмици

Наутро веднаш по будењето напијте се чаша топла вода со лимонов сок.

Појадок: сок од свеж зеленчук, омлет од 2 јајца и парче младо сирење

Ужина 1: 150gr. јаболко, половина шолја немасен јогурт

Ручек: Чорба без тестенини и запршки. Свежа салата од целер, магдонос и домати.

Ужина 2: една рака јаткасти плодови

Мини ужина: 1 јаболко, кришка свеж ананас

Вечера: Варена риба со аспарагус (кој е природен дируретик, па помага во прочистувањето на цревата), свежа салата.

Во првите три седмици најдобро е да избегнувате производи кои во себе содржат шеќери, заситени масти, газирани сокови и слатки. Дозволени намирници за конзумација се: јајца, „посно“ месо (пилешко, мисиркино и телешко месо), риба, карфиол, брокули, кељ, блитва, природни сокови (без шеќери), од масла дозволени се: масло од гроздови семки и масло од ленено семе.

Иако изгледа како ригорозна диета, не е многу да се придржувате до оваа исхрана само 3 седмици. Истражувањата покажале дека луѓето кои ја држеле оваа диета изгубиле 20cm од обемот на бутовите.

Во другата фаза од слабеењето и понатаму се забранети шеќерите, алкохолните пијалоци, белото брашно и мрсната исхрана. Избегнувајте и преголеми количини на јаглехидрати, бидејќи тие и надвор од диетата не се многу здрави. Ако се одлучите, преминете на безглутенски производи.

Многу е важно да запаметите дека додека јадете никако не смеете да пиете вода, бидејќи ќе ги разблажите желудочните сокови и ќе го забавите варењето! Слабеењето ќе се забави во оваа фаза во однос на првите три седмици, но и понатаму ќе продолжите да ги губите килограмите.

Се разбира, како и при секоја диета пожелно е да се бавите со некој вид физичка активност.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk