Брзо и вкусно-ролат од банана

За неговата подготовка нема да ви бидат потребни повеќе од 15 минути.
Потребни состојки:

1 банана
1 мала хопла
100 грама кокос

Начин на подготовка:

Изматете ја хоплата и во неа сипете 2/3 од кокосот. Мешајте со лажица додека не добиете густа смеса.
Смесата распоредете ја како тенка кора врз парче пластична фолија и на едниот крај ставете ја излупената банана. Виткајте ја кората во форма на ролат. Одозгора ролатот по желба премачкајте го со хопла или течно чоколадо. Ролатот пред конзумација ставете го во ладилник да отстои половина час.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk