Брз и евтин колач од бисквити

За овој колач не ви треба многу време, а ни пари.

Потребно е:

1 литар млеко

Пудинг од чоколадо

Пудинг од ванила

300 гр биксвити

200 гр маслац

6 лажици шеќер

1 шлаг

Подготовка:

Изматете ги пудинзите во 100 мл млеко. Остатокот поделете го на половина и ставете да се загрее со три ипол лажици шеќер.

Кога ќе се загрее додадете го пудингот од ванила и варете, исто и со пудингот од чоколадо.Оставете да се олади.

Садот обложете го со алуминиумска фолија и наредете еден ред кекс.

Путерот изматете го пенасто, поделете го на половина и додадете во пудинг и изматете.

Преку бисквитите ставајте по една лажица од едниот па од другиот пудинг. Потоа ред, кекс па остатокот од чокаладниот пудинг, па повторно ред бисквити па остатокот од пудингот од ванила и ред на бисквити.

Ставете во фрижидер на половина час. Потоа превртете на послужавник или на тацна и тргнете ја фолијата.

Премачкајте со шлаг и украсете по желба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk