Брокулата го регулира нивото на хормони во организмот

Покрај многубројните придобивки на брокулата по здравјето на човекот, особено е важна нејзината улога во регулирањето на нивото на хормоните во организмот.
Главниот извор на фитоелементот ди-индолил метаном во организмот е брокулата.

Овој елемент има незаменлива улога во организмот. Имено, тој делува така што ги отстранува сите отровни облици на естрогенот. Најчесто станува збор за оној вид на естроген кој што го има во составот на преработената храна и пестицидите.

Со внес на овие токсични облици на естроген во организмот драстично се зголемува ризикот за појава на хормонални пореметувања кои пак можат да резултираат со промени во расположението, депресија и неконтролирано дебелеење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk