Брусница наместо антибиотик

Мали црвени плодови, кои се вистински благодет за вашето здравје. Природен антибиотик, кој го има потврдено својот придонес во здравјето. Нејзините плодови се богати со различни заштитни материи, кои содржат минерали, витамин А, витамин Ц, калиум и растителни влакна. Црвената тврда топчеста форма ја има поради присуство на голема количина на витамин Ц и е со кисел вкус.
Освен тоа брусницата како лековита билка е оддамна позната, од нејзините листови и плодови се прават чаеви, во свежа форма се прават сокови, плодовите можат да се чуваат замрзнати или сушени, а може да се подготвуваат и вкусни џемови и јадења.

Bрусницата во било која форма, свежа, како сок, замрзната или сушена се природен антибиотик кои ги уништуваат штетните бактерии во телото. Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство што го покажале испитувањата, дека брусниците можат да спречат појава на инфекции на уринарниот тракт (Е. Колли бактерија), а исто така дејствува за уништување на Хеликобактер (бактерија) , која е причинител на чир на желудникот, го намалува ризикот од појава на болести на забите и забното месо. Исто така состојките на брусницата го намалуваат ризикот од појава на карцином како што се рак на градите и дебелото црево, и во спречува неговото ширење по телото. Брусницата помага при обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта што е корисно за дијабетичарите. Нејзините плодови се доста ценети во исхраната кај луѓе подложни на стрес и кардиоваскуларни болести.

Брусницата како намирница се употребува за торти и колачи,овошни сокови и друго. Доколку се преработат плодовите во сок, чај, џем се вистински извор за здравјето.

Како дејствува брусницата?
Најчеста и најнезгодна бактерија на уринарниот тракт, Е. Коли која се лепи на уринарниот тракт. Но сокот од брусница на некој начин го спречува лепењето на опасните бактерии за уринарниот тракт, така што урината полесно ги исфрла од телото.

И покрај толкуте корисни својства на брусницата, никако немојте да бидете „сами лекари“. Доколку мислите дека имате инфекција на уринарниот тракт (печење,или болки во стомакот како најчести симптоми), секако посетете лекар.Секоја инфекција може да доведе до поозбилни компликации.

Чист стопостотен сок од брусница пред се може да најдете во продавници за здрава храна. Цената не е ефтина, но секој ќе процени колку е важно здравјето.
Чај од брусница:
Брусницата е антибиотик,а најчесто се користи за лечење на органите за мокрење. Чајот е користен при грчеви на меурот и воспаление на бубрезите,помага кај луѓе што патат од гихт и реума.

Начин на подготовка:

Доколку на упатството од амбалажата не е поинаку образложено, кафена лажица или филтер кесичка потопете со 0,2 л жешка вода. Поклопете го и оставете да отстои 5 до 10 мин, а тоа процедете го и напиете се свежо приготвен чај.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk