Бурната расправија не секогаш води на чекор до разводот

Бурната расправија не секогаш значи дека следен чекор е разводот, иако можеби во текот на караницата сте помислиле дека е најдобро да се разведете.

Но, психолозите таа помисла ја сметаат за моментална одбрамбена реакција, која што многу ретко во подоцнежниот период добива реализација.

Но, ако почувствувате дека работите не одат како што треба веќе подолго време и вие полека станувате свесни за тоа, истинктивно започнувате да се одалечувате од својот партнер.

Според психологот Џон Готман постојат два позначајни начини на однесување кои доведуваат до развод.

– Парот е заробен во негативен циклус на однесување и не се способни како да го поправат тоа.

Кај овие брачни партнери негативноста во меѓусебното однесување е како жив песок, тонат во неа и иако понекогаш добиваат желба да се извлечат не успеваат да го пронајдат начинот како да излезат. Во таа состојба е лесно да се навлезе но тешко да се излезе. Иако понекогаш се забележува процес на поправање на односите, сепак тој секогаш резултира негативно.

– Брачните партнери се сложуваат дека не се сложуваат. Кога покрај постоењето на одреден тип подлабоки несогласувања, брачните партнери сепак остануваат заедно и понатаму, а кога ќе дојдат во средните години сфаќаат дека нивниот живот е празен и дека е подобро да не бидат повеќе заедно. После сознанието, кај овие брачни парови отсуствува продуктивната комуникација. Овие брачни барови, според психологот Џон Готман, најчесто се долучуваат на развод дури кога децата ќе станат тинејџери.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk