Важни лекции кои ги учиме од патувањата

Објавено на: Aug 17, 2016 од Мама Силвана

Патувањата ни пружаат одмор од секојдневните обврски, но и можност да научиме некои вредни животни лекции.

Не постои само наш начин

Истражувањето на различни култури, изложеност на различни мириси, звуци, храна, јазици,луѓе се одличен начин да ги прошириме своите видици.Тоа е добра можност да се види дека нашите навики се само навики, а не правила кои другите мора да ги прифатат и затоа стануваме потолерантни.

Секаде постојат добри луѓе

Предрасудите за одредени земји и нарoди најдобро се рушат со посетување на тие земји.Не постои лош народ, постојат само лоши поединци.

Комуникација над јазични бариери

Ако не го зборувате јазикот на државата каде што патувате, искусните патници ќе ви кажат дека насмевката е универзален јазик. Тука се и гестовите кои ќе ви помогнат да се разберете со локалните жители, но и ќе научите неколку збора на нивниот јазик.

Учиме да се прилагодуваме

За време на патувањата се случуваат и помалку убави ситуации како одложување на летови, лошо време или неудобно сместување. Се е тоа можност да научиме да се прилагодиме и да не допуштиме некои мали непријатности да ни го уништат авантуристичкиот дух.Сфаќаме дека сме поприлагодливи од што сме мислеле.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…