Вакцините- задолжителен услов за запишување на децата во градинка и училиште

На прагот на  Европската недела на имунизацијата министерот за здравство Венко Филипче најави промени во календарот за имунизација кои би воделе до негово комплетно осовремување во согласнот со препораките на Светската здравствена организација.

Имено, во овогодинешниот тендер за набавка на вакцини планирана е набавка на уште две вакцини, за рота вируси и стрептокока, кои пак како задолжителни ќе влезат во календарот за вакцинација од 2019 година.

Исто така, од ресорното министерство најавија дека услов за запишување на децата во предучилишните и училишните установи ќе биде децата да бидат вакцинирани. Но сепак додадоа дека за исполнувањето на овој услов треба да се направат соодветни измени и во законската регулатива на социјалната политика и образованието.

Со цел подигнување на јавната свест за корисноста и потребата од вакцинацијата   како најдобар начин за спречување на епидемии од заразни болести ,Министерството за здравство планира теренска акција која ќе трае во периодот од 23 до 29 април, при која превентивни тимови ќе ги проверуваат картоните за имунизација на децата во секоја подрачна единица детектирајќи невакцинирани деца кои треба да бидат имунизирани.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk