Вежби со кои ќе го спречите отекувањето на нозете

Само еден час седење или носење на високи потпетици го зголемува ризикот за појава на несакани проблеми повзани со отекување и болки во нозете дури за 20%.
За да го спречите отекувањето на нозете, особено во пределот под колената, лекарите препорачуваат три едноставни вежби со кои ќе ги размрдате зглобовите и ќе ја поттикнете циркулацијата.
– Истегнете ги стапалата
Станете и застанете допрени до столицата на која што седите. Расчекорете ги нозете поставувајќи ги стапалата во ширина на рамениците и лесно свијте ги колената. Додека сте во таа позиција подигнете се на ножните прсти што е можно повеќе и вратете се во првобитната позиција. Вежбата повторете ја минимум пет пати едно подруго
– Размрдајте ги зглобовите
Подигнете ја десната нога околу 30 сантиметри над подот и ротирајте го стапалото пет пати на десно па потоа пет пати на лево. Повторете ја вежбата со двете нозе.
– Поттикнете ја циркулацијата
Додека седите испружете ги нозете, свиј те ги стапалата и допрете го подот со петите. Потоа испружете ги стапалата и повлечете ги нозете кон себе.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk