Велигден ја празнува и слави победата на животот

Православните христијани со неизмерна  радост го  дочекаа големиот христијански празник Велигден. На овој значаен  ден сите христијани  се присетуваат  на христовото жртвување за  спас на човештвото. Велигден е најстар празник и се празнува од вториот век.
Нема поголема  радост и восхит од онаа кога се празнува животот. На Велигден се разгласува најрадосната вест за воскресението Христово. И самото тоа укажува  дека нашата вера е создавана, темелена  врз радоста од христовото воскреснување. Христовото воскреснување  е светлина на светот и патоказ за животот низ вековите на човечката историја. Воскресението е радост за измачените, утеха за болните , поука за малодушните, сила и цврст темел за благоверните.

Воскресението претставува победа против непријателите, пораз и уништување на демоните, простување и разрешување на гревовите, сигурно пристаниште од бурата на искушенијата. На овој ден како што е познато, смртта е победена затоа што ја победи оној кој има живот во себе. Од тој момент, сите ние ја примаме таа вистина и се исполнуваме со особена храброст и духовна крепост, зашто смртта не е повеќе закана, ниту причина за страв. Таа треба да се сфати како враќање кон  царството на Отецот наш небесен.

Христос ја победи смртта и со тоа ги отвори портите на рајот, портите на светлината  во кои влегуваат сите синови и ќерки. Иако во светот се случуваат војни, немири и други несреќи, тоа не треба да не плаши и загрижува. Правдата и вистината се уште се распнуваат на крст, но преку крстот доаѓа радоста за целиот свет. На тој крст беше распнат и  мачен нашиот Спасител.  Тој  се предаде Себе Си за живот на светот. Со неговата душа тој слезе во рајот за да ја ослободи човечката природа  од пропаѓање. Тоа го стори и се жртвува за нас , за ние да се исполниме со живот и  радост како што се исполни Тој, распнат на крстот.

Овој празник е суштината на христијанството, потврда на  верата  во Бога. На Велигден се слави победата на животот над смртта. Св апстол Павле рекол: ‘Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера‘.

Чествувањата на Велигден укажуваат и на тоа дека ризницата на нашето духовно и национално наследство е богата. Велигденските празнувања ја симболизираат верата и богатата македонска традиција кој опстојува со векови.

Нека ни се честити и вековити Велигденските празнувања .

Христос воскресе!

Вистина воскресе!

Извор: www.mn.mk

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk