Вечна дилема, дали да работите за време не бременоста или не

Објавено на: Sep 02, 2015 од Мама Силвана

Бременоста носи многу промени пред се физички, психички, емотивни, промени во односите со другите луѓе, но влијае и врз многу навики во секојдневниот живот.

Иако најголем дел од работните места не ја загрозуваат бременста директно, секако посоветувајте се со својот лекар кој во зависност од тоа како ви тече бременоста, ќе ви даде препорака.

Стресот денеска се наведува како ризик фактор за пореметување на здравјето.

Силните стресни ситуации никому не годат, па ни на трудниците. Доколку вашата работа е таква па и пред бременоста сте имате чести главоболки напнатост во врат, чувство на вознемиреност, несоница, во бременоста тоа ќе биде поинтензивно.

Можеби ќе биде подобро да отворите боледување за да си го поштедите бебето од секојдневен стрес, бидејќи лачењето на хормоните во вашето тело влијае и врз него.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…