Видови на брашно кои се помалку познати

Објавено на: Oct 17, 2016 од Мама Силвана

Станува збор за егзотични производи кои се замена за  брашното. Овие типови секогаш можат да се порачаат преку интернет.

Брашно од кафе

Ова брашно се подготвува од сушените плодови на кафето. Не само што на овој начин се искористуваат остатоците туку брашното има голема нутритивна вредност. Богато е со влакна, протеини, железо и умерена количина на кофеин.

Брашно од банана

Употребата на ова  брашно е прилично распространета. Станува збор за еден од најдобрите пробиотици, го подобрува имунитетот и помага во губење на килограмите.

Брашно од семки и лушпата на грозјето

За време на изработката на вино, навистина останува многу отпад посебно лушпи и семки и затоа многу произведувачи одлучија овој отпад да го претворат во брашно кој има малку овошен вкус и е богато со антиоксиданти.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…