Викенд перничиња со зденка

Состојки:

Половина квасец

1 лажичка шеќер

1 лажица сол

300 грама брашно

2 лажици презла

2 триаголника зденка

2 лажици трошки сирење

Половина чаша јогурт

Масло за пржење

Подготовка:

Во половина чаша топла вода се мати квасецот со лажичка шеќер. Се остава да нарасне. Во вангла се додаваат сите состојки и се меси тесто. Се остава да нарасне околу час и половина. Се развлекува кора која се сече на неправилни триаголници и квадрати. Покриени со крпа се оставаат уште околу 20 минути. Се пржат во добро загреано масло. Пржените пишии се ставаат на кујнска хартија да се исцедат. Се сервираат топли во комбинација со јогурт, кисело млеко или сирење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk