Вкусен оброк од јагоди и мед за деца постари од две години

Неверојатно вкусен и здрав оброк за деца постари од две години.
Потребни состојки:

– две шолји вода
– една лажица хељда
– 1 лажичка јаворов сируп
– многу малку цимет
– половина шолја бадемово млеко
– малку екстракт од ванила
– јагоди, банани, мед

Начин на подготовка:

Сварете ја хељдата на вообичаениот начин. Пред да биде во целост сварена додадете ги јаворовиот сируп, циметот, ванилата и бадемовото млеко. Продолжете со варење уште десетина минути.
Откако ќе го тргнете садот од оган во кашичката додадете ги неколкуте јагоди, половина банана и една лажица мед. Изгмечете со вилјушка и добро промешајте. Послужете ја кашичката откако целосно ќе се излади.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk