Влажните марамчиња се штетни за кожата

Кога лицето го чистиме со марамчиња голема е веројатноста дека тоа го правиме малку несовесно и дека не ја вадиме целата шминка до крај.

Сите ги обожаваме марамчињата за чистење лице. Тој умен и практичен производ е одличен скратен пат до чиста кожа, посебно после лудо поминатата ноќ или напорниот ден на работа.
Но, дали марамчињата се добри за кожата и можат ли тие навистина да ги заменат класичните чистачи за лице како што се млекото, гелот или лосионот?
За жал, не, велат експертите.
Марамчињата за чистење треба да бидат само еден дел од рутинското чистење или да се користи само во мигови кога навистина немаме друг избор.
Зошто?
Чистењето со марамчиња не го вклучува испирањето, па голема е можноста дека дел од нечистотијата сепак останала на кожата, па дури и ако се’ сме исчистиле, средството од влажните марамчиња, сепак, не е исчистено. На тој начин се затнуваат порите и се создаваат кожни проблеми.
Ако сепак и понатаму ги обожувате марамчињата за чистење лице, тогаш после нив намачкајте го лицето со антибактериски лосион, па измијте го со вода.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk