Влијанието на ароматичните билки врз лактацијата

Веројатно веќе сте слушнале дека одредени билки делуваат стимулативно врз процесот на лактација кај доилките. Такви билки се коморачата, анасонот, бадемите, просото и многу други.

Но исто така, постои и одредена група на билки кои го намалуваат излачувањето на млекото.

На прво место се жалфијата и ориганото, а потоа следуваат нането и тимијанот.

Секако, тоа не значи дека овие здрави ароматични билки не треба да ги употребувате во зачинувањето на храната. Нивната консумација во умерени количини има неутрален ефект. Но доколку се користат масла направени од овие билки, особено интензивно, треба да внимавате на можниот негативен ефект врз процесот на лактација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk