Влијанието на слухот врз појава на говорни потешкотии кај децата

Слухот има примарна улога во меѓусебната комуникација и е важен сегмент за развој на одреден тип на говорно растројство или потешкотија.

Од тука произлегува дека слухот е еден од најважните услови за нормален развиток на говорот кај детето.

За навремен и правилен развиток на говорот неопходни се пред се објективни услови односно здрав и функционален централен нервен систем, здрави и нормални говорни органи, нормално развиен слух и нормална околина.

Оштетување на било кој дел од аудитивниот систем предизвикува оштетување на слухот при што се јавуваат повеќе степени на разлика, од лесна редукција до тешка наглувост.

Различните степени на оштетување на аудиторниот систем настанати во различен период од возраста претставува причина за појава на различните говорни растројства.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk