Влијанието на стресот врз појавата на тикови кај децата

Објавено на: Aug 12, 2016 од Мама Силвана

Стресот е еден од главните причинители на тиковите кај децата. Дури и позитивните чувства, како и екстремната среќа, можат да влијаат врз појавата на тикови. На појавата на тикови во секој случај им претходи акутна или хронична изложеност на стрес.

Овие тикови успшено ги лечат психолозите и детските психијтари, но потребно е родителите што порано да побараат стручна помош за да се спречи да премине во хронична фаза.

Во третирањето може да се применуваат лекови за кај детето да се намали напнатоста, анксиозноста како и депресивно пореметување.

Истовреме треба да се избегнуваат и одредени фактори од надворешната средина за кои се знае дека доведуваат до влошување на состојбата.

Во таа смисла детето треба да избегнува стрес, психички и физички замор како и неспиеност.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…