Влијанието на таткото во афирмација на детската личност

Уште еден многу важен сегмент во кој се докажува зошто на детето му е потребно присуството на таткото е искуството што тоа го добива од времето поминато со него кое ќе му помогне да формира вистинска слика за самото себе токму онака како што реално се чувствува.
Предуслов за да се случи тоа е детето да се чувствува доволно сигурно во присуство на таткото и да може да ја искаже пред него својата автентична експресија на чувствата и размислувањата. Дури кога ќе постои оваа околност детето може во целост да играти позитивна внатрешна слика за себе.

Оваа можност значително ја одредува идната машкост односно женственост кај детето, во зависност од тоа дали се работи за момче или девојче. Овде важи правилото дека, на пример, како што таткото се однесува кон женствениот аспект од личноста на девојчето, така и утре кога ќе порасне девојчето ќе се чувствува како жена и потсвесно ќе се доживува себе си како таква во очите на другите мажи.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk