Внимавајте каков чај ќе му понудите на вашето дете

Чајот е напиток кој е богат со антиоксиданси и хранливи материи. Но, пред да одлучите на детето да му понудите чај, треба да знаете која билка за што служи, кога и во која количина се дава и се подготвува.

Во зависност од тоа дали билката е тазе собрана или е сушена подолго време, може да се случи таа да има различна ( помала или поголема ) количина на активни состојки.

Кога ќе му подготвувате чај на вашето дете, гледајте што почесто тој да биде од готови билни екстракти припремени во билните аптеки. Секако дека може да подготвите и чај од свежи билки кои се препорачуваат за децата како што е чајот од камилица, липа, нане , маточина и мајчина душичка.

Кога станува збор за бебињата треба да имате на ум дека секој пијалок е храна за бебето. Поради оваа причина, во исхраната на најмладите деца, пијалоците треба да бидат колку што е можно повеќе хранливи и секако безбедни по здравјето. Некои производители на детска храна нудат  специјални чаеви за бебиња. Обично станува збор за адаптирани чајни мешавини врз основа на екстракти од билки, бобинки и овошни плодови. За почеток на нивната употреба се препорачува да се почека до шестиот месец од животот на бебето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk