Внимавајте на внесот на компиров скроб во текот на бременоста

Пречестото конзумирање на компир и производи кои што содржат компиров скроб ( на пример грицките ) во бременоста може значително да го зголеми ризикот за појава на дијабетес-откриваат британските научници.

Имено, високото ниво на скроб кој се наоѓа во компирот може да го поттикне зголемувањето на нивото на глукоза во крвта кај трудниците.

Во истражувањето биле вклучени вкупно 21,000 трудници кои немале никакви здравствени проблеми пред бременоста.

Меѓу трудниците, гестациски дијабетес се појавил кај 854 жени, односно појавата на гестациски дијабетес била за 27% поголема кај оние трудници кои јаделе четири пати поголема количина на компир.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk