Внимавајте на крвниот притисок во текот на бременоста

Покрај крварењата и инфекциите, зголемениот крвен притисок односно прееклампсијата е најголем фактор за ризик за здравјето на трудницата и плодот. Високиот крвен притисок во бременоста доколку не се третира правилно и навремено може да нанесе сериозни штети по здравјето на плодот и мајката.

Како резултат на зголемениот крвен притисок во организмот на мајката се случуваат драстични промени меѓу кои и присуството на белковини во урината, силно изразени отоци по телото, особено на екстремитетите и сл. Настанува дополнително оптоварување на кардиоваскуларниот и уринарниот систем во телото, црниот дроб и мозокот.

Доколку не се открие на време и не се третира правилно, високиот крвен притисок во текот на бременоста доведува до слабеење на циркулацијата низ постелката а со тоа и намалување на дотокот на потребни материјали и кислород потребни за раст и развој на плодот во матката.

Навремените и редовни лекарски контроли и примената на соодветната терапија за среќа овозможуваат дури и оние жени кои што имаат прееклампсија во бременоста да ги износат своите бебиња без компликации, раѓајќи здрави деца.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk