Внимавајте на температурата на воздухот во собата каде спие бебето

За новороденчињата е особено важно одржувањето на оптималната температура на воздухот во просторијата во која што тие спијат.

Препорачаната температура изнесува околу 22 степени целзиусови. Од друга страна, ако станува збор за бебе кое што е помладо од два месеца, односно не потешко од четири килограми и некој степен повеќе на температурата на воздухот е добредојдена, доколку има соодветно навлажнување на воздухот во просторијата.

Исто така обрнете внимание и на соодносот помеѓу темепратурата на воздухот и слоевите на облека кои бебето ги има на себе.

Облеката на бебето нека биде од природни материјали и внимавајте да не му е жешко. За да проверите фатете го на тилот или на градите. Температурата на нозете и рацете не е меродавна затоа што тие се најчесто поладни

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk