Внимавајте при изборот на детските очила за сонце

Многу родители се во недоумица дали на децата им се навистина потребни очила за сонце.

Одговорот е – ДА!

Сите ние во текот на животот сме изложени на влијанието на ултравиолетовите зраци. Според научниците, таа исложеност до осумнаесеттата година изнесува 70%.

Поради оваа причина потребно е многу рано да се започне со правилна заштита на детските очи, особено со очила кои нудат висока заштита од УВ зрачењето.

Во таа насока, на родителите им се препорачува за своите деца да одберат квалитетни очила за сонце кои блокираат 99-100% УВА И УВБ зраци.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk