Внимателно одржувајте ја хигиената на бебешките шишенца

Секојдневната стерилизација што често е рутинска постапка за многу нови родители.

Давајќи зелено светло за процесот на стерилизација, стручњаците советуваат особено да бидеме внимателни при одржувањето на хигиената на бебешките шишенца.  Практиката вели дека по третиот месец може да се сведе на обично миење со потопла вода и течен детергент за садови. Тоа е доволно за да се отстранат бактериите од шишенцето но истовремено е потребно вложување на повеќе труд кон темелно миење на сите делови од шишето кои биле во употреба, не само оние кои биле во контакт со млекото, сокот или водата.

Бидејќи млекото е исклучително поволно тло за размножување на бактериите многу е важно да се знае дека половично испиеното млеко во шишенцето не треба повторно да се загрева и да му се нуди на бебето.

Стерилизација на бебешките шишиња се препорачува во почетокот од нивното користење и тоа на три начина:

– во специјални стерилизатори на шишиња
– со помош на водена пареа и мрежест материјал над неа во која ќе ги ставите шишињата
– во поголем сад со вода загреван во микробрановата печка

Многу е важно за секој вид на шишенце да се прочита упатството за стерилизација бидејќи од тоа зависи успешноста на процесот и трајноста на шишето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk